Шаренило од бои, со фантастичен, освежувачки вкус за топлите денови е оваа салата. Ја сервирам со потпечени, крцкави лепчиња.
Потребни состојки за две порции:
- Марула
- 2 домати
- 2 пиперки
- 100 грама пченка
- 50 грама биено сирење
- 50 грама кашкавал
- 50 грама сино сирење
- 100 грама маслинки
- Семки од тиква
За прелив:
- 100 мл. Јогурт
- 2 лажици маслиново масло
- лажица Ворчестер сос
- 2 лажици чиа семе
Се заедно се меша.
Подготовка:
Во чинија се става сечканата марула, врз марулата на еден дел, се става сечканиот домат, до него се става пченката, потоа се ставаат сечкани на коцки кашкавалот и синото сирење, па пиперката исечкана на тенки листови, до него се редат маслинките и на крај се додава биенот сирење сечкано на долги стапчиња. Се посолува со морска сол, па врз сето ова се полева со преливот и се наросува со семките од тиква.