ДесертиКолач / Ролат

Mille feuille со јагоди 🍓

Слаткиот сатенски ванила крем надополнет со малку солениот вкус од крцкавото лиснато тесто и сето тоа прелиено со прелив од јагоди е добитна пролетна комбинација. Лесно, кремасто, слатко – кисело десертче.

Потребни состојки:

  • 500 гр. лиснато тесто

Крем:

  • 600 мл. млеко
  • 10 лажици шеќер
  • ванилин шеќер
  • јајце
  • 4 лажици нишесте/ брашно
  • 100 мл. вода
  • 100 гр. путер
  • 50 гр. шеќер во прав

Прелив:

  • Пола килограм јагоди
  • 200 грама шеќер
  • 30 мл. Виски/вињак/коњак
  • 30 гр. листови од бадеми

Подготовка:

Лиснатото тесто го поминувам со сукало да добијам поголемо тесто, па го делам на две, за долен дел и дел за одозгора. Горното тесто го сечам со сечило за сечење во форма на мрежа, може и обично. Ги редам во голема тава на хартија ги боцкам со вилушка и ги наросуваме со шеќер кристал. Вака подготвено тестото го печам во загреана рерна на 200Ц, да зарумени 15-20 минути. Кога се печени ги оставам да се оладат.

Крем: Млекото со осум лажици шеќер и ванилин шеќер, се вари до зовривање на средна температура, потоа се додава постепено претходно подготвена смеса од јајцето изматено со две лажици шеќер, четири лажици густин/брашно и 100 мл. вода, на средна температура. Јас смесата ја турам преку цедалка, за кремот да нема грутки, да биде мазен. Кремот се меша додека да згусне. Кога кремот ќе стане доволно густ се трга од огнот и се остава да се лади, со повремено мешање, да не фати кора. Во длабок сад се мати путерот (чуван на собна температура) со шеќерот во прав. Потоа на оваа смеса се додава оладениот крем и се мати се заедно да се соедини, кремот се става во фрижидер 15 минути да се зацврсти.

Прелив:

Во тава се става лажица путер да се загрее па се додаваат исечканите јагоди, се пропржуваат пет минути, па има се додава шеќерот. Додека се обаруваат им се додава алкохолот, да провријат уште пет минути и се тргаат од оган, се оставаат да се оладат.

На подлога го ставам едното тесто, врз него го турам оладениот крем и врз кремот го редам другото тесто. Потоа одозгора се прелева со оладениот прелив од јагоди и се наросува со листови од бадеми. Се остава 30 минути во фрижидер, потоа се послужува.

Наздравје!

На следново видео може да се види подготовката:

Next Article:

0 %