Главни јадењаРецепти

Компир манџа

Пушеното месо им дава интензивен вкус на компирите и морковите, надополнет со неповторлив шмек од пиперките и слаткоста од доматниот сос, обвиткан со нежниот вкус од ловоровиот лист и биберот, заокружен од свежиот мирис и вкус од магдоносот.

Кога ќе ја вкусите првата лажица од компир манџа, ќе ве освои и вкусот и мирисот. Оваа манџа ја подготвив со пушено свинско царско месо.

Состојки:
⚪500 гр. пушено свинско месо, сечкано на коцки
🟡 1 кгр. компири сечкани на коцки
🟠 3 моркови сечкани на кругчиња
🔴 2 пиперки (зелена/црвена), сечкани
⚪ 3 ловоров лист
🔴 150 мл. доматен сос
🟢 1/2 китка магдонос, сечкан
🔴 лажица црвен пипер
🟡 зачинал, масло, бибер и сол по вкус

Подготовка:

Во длабоко тенџере на масло ги ставам морковите, ги пржам 5 минути, потоа ги додавам пиперките и се заедно пржам на средна температура 5 минути да ги пуштат соковите. Се додава месото пушено, ловоров лист, се зачинува со зачинал, бибер, сол и црвен пипер, се меша да се поврзат состојките со зачините, па се додава пола литар вода и компирите. Да се варат 15 минути, па се додава доматниот сос. Повторно се остава да врие на средна температура додека да се сварат компирите, по желба колку сакате да е густината на манџата, може да се дополни вода. Кога е готова манџата се додава магдоносот и се трга од оган.

Наздравје!

Забелешка: Овој рецепт е за со пушено месо, оваа манџа може да се подготви на истиот начин без месо, да биде посна или со свежо месо. Ако се подготвува со свежо месо, прво се става месото на масло да се испржи, па потоа се по ред како во постапката.

Next Article:

0 %