Оваа крем супа од цвекло има преубава јака розово-црвена боја, вкусна е и многу здрава.
Состојки:
- 800 грама цвекло
- две лажици масло за готвење
- две лажици сок од лимон
- 1/2 л. млеко
- сол и бибер
- 5-6 ореви потпечени, столчени
- неутрална павлака
- литар вода
Подготовка:
Цвеклото излупено се сечка на коцки и се става во тенџере, му се додаваа маслото за јадење и сокот од лимон, се затвара со капак и се остава 15 минути на средна температура, да се динста. Потоа се додава водата и се остава на оган да се свари цвеклото. Кога е сварено цвеклото се вади со решетка лажица и се става во блендер да се испасира. Пирето од цвекло се враќа во тенџерето му се додава млекото и се остава да врие 5 минути. Се зачинува со сол и бибер по вкус и топла се сервира. Во тањирот кога ќе се сервира се тура малку неутрална павлака и одозгора се наросува со толчените ореви.
Наздравје!