Ако Ви падне шеќерот, еве бомбици најбрзото што се подготвуват, а без шеќер. Кога ќе се вкусат се доживува експлозија на вкусови. Чоколадо, ореви и портокал се добитна комбинација.
Состојки:
- 100 гр. ореви
- 50 гр. бисквити
- 10 урми свежи
- 100 гр. темно чоколадо
- сок од цеден портокал
- 10 гр. кандирана кора од портокал/ рендана кора од портокал
За валкање:
- 50 гр. кокос
Подготовка: Во блендер се ставаат, оревите и бисквитите, кога ќе се смелат се додаваат урмите, исчистени од коски. Кога ќе се соедини се заедно, им се додава сок од цеден портокал, чоколадо стопено и кора од портокал. Се обликуваа во догнавеста форма, па се валкаат во кокос.
Одозгора ги декорирав со исечкани неколку ролнички од кандирани кори од портокал.
Наздравје!