Посни, со префинет вкус се овие полнети суви пиперки.

Состојки:

  • 10 – 12 суви црвени пиперки
  • Половина праз сечкан на коцки
  • Морков сечкан на коцки
  • Компир поголем или два мали изрендани
  • 150 гр. Ориз
  • Две чешни лук
  • Две лажици црвен пипер
  • Лажичка лут буковец
  • Лажица сув магдонос
  • Сол и бибер
  • 100 гр. Мелени ореви
  • 50 гр. Сечкани ореви
  • 200 мл. Доматен сос
  • 3-4 ловорови листови

Подготовка: Сувите пиперки исчистете ги од семето, измијте ги и ставете ги во врела вода да се варат 15 минути, да омекнат.

На малку масло динстајте го исечканиот праз па додајте го морковот, да се динстаат додека да омекнат, потоа додајте го измиениот ориз, кратко да се прокрчка, па се додава компирот. Се полева со 250 мл. вода и се динста со повремено мешање, додека испари водата. Кога оризот е сварен Al dente се додава лукот преку преса се динста се заедно кратко па се додаваат зачините црвен пипер, буковец, магдонос, сол и бибер по вкус и на крај се додаваат ореви. Измешајте се заедно да се соедини и тргнете го од оган.


Исцедете ги пиперките и наполнете ги со смесата. Наредете ги на намрсена тава, густо во два реда. Полијте ги со 200 мл. топла вода, па со доматниот сос, ставете ловоров лист, затворете ги со капак или алуминиумска фолија и ставете ги во загреана рерна на 180Ц, да се печат 45 минути. Пред крајот извадете ја фолијата/капакот, да се запечат малку пиперките.

Наздравје!

Next Article:

0 %