МезињаРецептиСалати

Компир салата

Оваа салата брзо и лесно се подготвува. Може да се користи и како прилог со риба или месо. Јас ја користам и како посна салата, без да го додадам сирењето.
Салатата има интересен вкус од маслинките, јас ја подготвив со еден вид маслинки, а поубав вкус ќе има ако се стават два вида, како на пример зелени и црни маслинки.

Bobe’s bakery

Потребни состојки:
– 5-6 варени компири изгмечени
– главица кромид (црвен) сечкана на коцки
– 100 грама сирење на коцки
– пола китка магдонос ситно сечкан
– 20 маслинки
– маслиново масло
– лажичка мелен ким
– сол, бибер по желба

Bobe’s bakery

Подготовката е брза, се гмечат варените компирите, па се додаваат сите додатоци, се меша се заедно, се зачинува и се сервира.
Наздравје!/Б.Б.

Bobe’s bakery

Next Article:

0 %