Кремаст, со малку брашно и со прекрасен шмек од печените сливи и циметот е колачот со сливи. Го подготвив по наш вкус, комбинација од повеќе колачи.
Потребни состојки:
- 0.5 модри сливи (исчистени од семки, исечкани)
- 50 гр. шеќер
Тесто:
- 150 гр. шеќер
- 50 гр. ореви/лешници исечкани
- 3 јајца
- 3 големи лажици шеќер
- 3 големи лажици брашно
- прашок за печиво
- цимет по желба
Фил:
- 0.5 л. млеко
- 5 лажици шеќер
- Ванилин шеќер
- 3 лажици нишесте
- Јајце
- 150 мл. слатка павлака изматена за украсување
Подготовка:
- Во тавче премачкано со путер се посипува малку шеќер, се редат сливите и се додаваат сечкани ореви и лешници. Врз нив повторно се посипува шеќер и цимет, па се ставаат да се печат 20 минути, во рерна загреана на 220Ц.
- Во длабок сад се матат јајцата и шеќерот, им се додаваат и брашното измешано со прашакот за печивото, се прелеваат испечените сливи со смесата, па се ставаат во рерна да се печат уште 15 минути, да зарумени пандишпанот.
- Млекото со шеќерот, се вари до зовривање, потоа температура се намалува и со постојано мешање се додава постепено претходно подготвена смеса од едно јајце матено со лажица шеќер, три лажици густин и 50 мл. ладно млеко. Кремата се меша на огнот додека да згусне. Пред крај во кремот се додава ванилин шеќер.
Кога колачот ќе се олади се превртува, се премачкува со оладениот крем и врз кремот се украсува со топчиња од изматена слатка павлака.
Наздравје! /Б.Б.