Слатко- киселкаст, сатенски и неповторлив вкус има џемот од кајсии.
Потребни состојки:
- 5кг. кајсии
- 1кг. шеќер
Подготовка:
Измиените и исчистени од семки, кајсиите се редат во тенџере: ред кајсии, ред шеќер, за потоа да се покријат со капак и да се ставаат да одстојат во фрижидер 12 часа.
По тоа време тенџерето се ставаат на силен оган, а откако кајсиите со шеќерот ќе почнат да вријат, се меша цело време, се вади пената, а по желба може и да се испасираат кајсиите, за да нема големи парчиња.
За околу 30 минути џемот е готов, се чуствува кога се двои од лажицата. Тогаш џемот се тргнува од оган, за уште додека е топол да се става во тегли (претходно измиени, ставени во тепсија, во загреана рерна, на 100 Ц).
Откако топлите тегли ќе се наполнат со џемот, се затвараат со топли капачиња и повторно се ставаат во рерна која сега е исклучена, за таму да останат цела ноќ, да се оладат. Потоа се складираат во просторија, каде се чува зимница.
Највкусното лепче е намачкано со џем од кајсии, а со топли палачинки, задолжително!/Б.Б.