Мек, сочен, со слатко – киселкаст вкус е овошниот колач со вишни🍒
Потребни состојки:
- 100 гр шеќер
- 200 мл јогурт
- 90 гр брашно
- 3 јајца (на собна температура)
- 500 гр вишни
- кесичка ванилин шеќер
- 5 гр путер
- 2 лажици шеќер за тавата
- шеќер во прав по вкус
Подготовка:
За да го подготвите овој десерт потребни ви се неколку чекори. Најдолг е оној на чистење на вишните.
Измијте ги вишните, извадете го стеблото и извадете ги семките.
Подмачкајте ја тавата за печење и посипете ја со 2 лажици шеќер. Овој чекор ќе помогне да се спречи лепењето на тортата на дното.
Потоа наредете ги вишните во тавата (види слика) и привремено оставете ги на страна.
Јајцата со шеќерот се матат во сад со помош на електричен миксер, додека смесата не стане лесна и густа што и ќе достигне двојно поголем волумен.
Додадете прстофат сол и просеаното брашно. Се меша со дрвена лажица или лопатка од дното нагоре додека не се добие хомогена смеса.
На смесата додајте го јогуртот, кој бил на собна температура и нежно измешајте.
Добиеното тесто прелијте го врз вишните рамномерно распоредувајќи го.
Се пече во загреана рерна на 180 степени 35/40 минути, додека колачот не стане мек и златен.
Извадете го од рерна и посипете со шеќер во прав пред послужување.
Колачот највкусен е кога ќе се послужи млак./Б.Б.