Ред бисквити, ред крем, бела снежна торта за разладување во топли денови е прекрасен десерт. Лесна и брза за подготовка, лесна за насладување👌🏻
Состојки:
- 500 мл. слатка павлака
- 2 јајца
- 5 лажици шеќер
- 500 гр. бисквити
- 200 мл. млеко
Подготовка:
Во длабок сад се матат јајцата со шеќерот, откако ќе се направи пена се додава слатката павлака и се продолжува да се мати, додека стане густ кремот.
Во длабок сад се става ред од бисквити претходно потопени во млако млеко (може и во кафе), потоа се става крем врз бисквитите, па повторно ред бисквити, крем одозгора и трет ред бисквити, се премачкува со останатиот крем, се наросува со рендано чоколадо и се става во фрижидер да се олади најмалку 30 минути пред конзумирање. Се чува во фрижидер.
Наздравје!