ПечиваПити

Пита со пилешко и спанаќ

Ронлива, полна со фил, со убави и неповторливи вкусови.

Потребни состојки:

Тесто:

  • 400 гр. брашно,
  • 2 мали лажици сол,
  • 200 гр. путер,
  • 2 јајца изматени,
  • 1 лажица сок од лимон,
  • 4 лажици ладна вода,
  • 1 жолчка за премачкување.

Фил:

  • 400 гр. пилешко филе (исечкано на коцки),
  • 400 гр. спанаќ (исечкан),
  • 1 црвена пиперка ( на лентички),
  • 1 морков (на лентички),
  • 1 кромид ( исечкан),
  • 5-6 лукчиња,
  • 2 лажици соја сос,
  • сол и црн бибер.

Начин на подготовка:

Во сад за матење се мешаат заедно брашното и солта. Исечкајте го путерот во коцки и додадете половина во брашното. Измешајте го со миксер путерот и брашното додека не личи на груба презла. Додадете го остатокот од путерот и мешајте додека не биде со големина на мал грашок. Направете бунар во центарот на сувите состојки. Измешајте ги изматените јајца со сокот од лимон и водата. Постепено истурајте од течноста во бунарот, додека матите со миксерот. Ако смесата изгледа како да има доволно течност за да формира тесто, не додавајте ја целата течност бидејќи варира апсорпцијата на брашното. Ставете го тестото  на набрашнета маса и лесно месете додека не се изедначи. Обликувајте топче, завиткајте го со фолија за храна и ставете го во фрижидер 30 минути да одмори.

Додека одмара тестото, се подготвува филот. На масло се пржат коцките пилешко филе, кога ќе се зацрвенат се додаваат кромидот, лукчињата, лентите од морков и пиперката. Се пропржуваат кратко па се додава спанаќот, се зачинува со сол и бибер и се додава соја сосот. Се трга на страна да се олади. Потоа го делите тестото на два дела, еден малку поголем за долната кора на питата, а другото малку помало за горната кора. Поголемата топка тесто се развива во кора со сукало на набрашнета површина. Кората се става во намастена тава за печење бр.28, кората да биде и на зидовите од тавата. На кората се тура целиот фил и се распоредува рамномерно во тавата. Од вториот помал дел од тестото исто се развива кора на набрашнета површина и се става над филот. Краевите на тестата се спојуваат со рака, се премачкува питата со жолчка и се става во загреана рерна на 220 степени, да се пече  додека зарумени  околу 20 минути.

Наздравје!

Next Article:

0 %