ЗимницаРецептиСлатка и џемови

Најубавиот џем од јагоди

Џемот е дел од основите на слатките кои на прво место ги будат емоциите за задоволство.

Bobe’s bakery

Потребни состојки:

  • 3 кг јагоди
  •  1 кг шеќер
  •  сок од пола лимон

Начин на подготовка:
Јагодите исчистени и измиени се сечат на ситни парчиња. Се редат во тенџерето што ќе се варат: ред јагоди, ред шеќер и се оставаат во фрижидер, најмалку 3 часа, јагодите да пуштат сок.

Се полеваат со сокот од лимон.
Потоа се варат на средна температура додека зовријат, па се намалува температурата и се варат додека да згусне џемот. Во текот на варењето се прави пена која треба да се трга. За да биде џемот мазен, сатенски, откако ќе згусне повеќе од половина го блендирам и мал дел оставам парченца во џемот, потоа го варам уште 10 минути на тивок оган.

Bobe’s bakery

Топол џем се тура во топли тегли, се затвараат и се превртуваат на капачето да постојат 15 минути, да се направи вакум.

Наздравје сладење!

П.С. Откако ќе отворите тегличка за користење, се чува во фрижидер./Б.Б.

Bobe’s bakery

Next Article:

0 %