Крцкав, сочен, полн со бадеми и суво грозје, прекриен со сатенски крем од ванила и шлаг е овој кадаиф.
Состојки:
- 500 гр свеж кадаиф
- 200 гр путер
- 150 гр бадеми печени
- 100 гр, суво грозје отстоено во рум.
Шербет:
- 750 гр шеќер
- 1 л вода
- по избор малку сок од лимон
- ванилин шеќер
Крем-ванила:
- литар млеко
- 13 лажици шеќер
- Јајце
- 5 лажици густин/брашно
- 2 пакувања ванилин шеќер
-
- Декорација:
- 200 мл. слатка павлака
- Декорација:
Подготовка: Кадаифот искршете го на ситно. Се топи путер и се посипува кадаифот. Се промешува со раце, за да се впие путерот. Нанесете половина кадаиф на тава, потоа ставете од оревите и сувото грозје, па врз нив ставете го останатиот кадаиф. Печете во загреана рерна (180 ° C) околу 20 минути додека кадаифот не добие златно-жолта боја. Додека се пече кадаифот, направете шербет.
Шербет: Откако ќе зоврие шеќерот со водата, додадете две резанки лимон, варете го уште 15 минути, за да стане густ. Потоа истурете го шербетот над печениот кадаиф.
Крем – ванила:
Литар млеко, со десет лажици шеќер, се вари до зовривање, потоа се додава постепено претходно подготвена смеса од едно јајце матено со три лажици шеќер, пет лажици густин и 50 мл. ладно млеко. Температурата постепено се намалува, кремата се меша непрестано додека да згусне. Пред крај во кремот се додаваат две пакувања ванилин шеќер. Оладен филот се истура врз кадаифот и цел се прекрива, се остава еден час да се излади. Изматете 200 мл. слатка павлака и декорирајте го кадаифот над оладениот фил, потоа посипете со бадеми.
Наздравје!