Главни јадењаРецепти

Подварок со димено месо

Ситно сечкана кисела зелка, како кадаиф, со димено свинско бутче, суви црвени пиперки и праз одлична комбинација. 

Подварок

Bobe’s bakery

Состојки:

  • Главица кисела зелка голема
  • 700 гр. димен свински бут
  • праз
  • два кромиди
  • две суви црвени пиперки
  • 100 мл. Масло за готвење
  • 4-5 ловорови листови
  • две лажици црвен пипер
  • сол и бибер

Подготовка: киселата зелка се сечка на тенки ленти, празот и кромидот на мали коцки, месото на поголеми коцки и сувите пиперки на ленти.

Bobe’s bakery

Во тавата што ќе се пече јадењето се тура маслото за јадење и се става на оган на средна температура. Кога ќе се загрее маслото се тура кромидот и празот, се пржат на средна температура да омекнат, па се додава сувите пиперки и ловоровиот лист. Се додава црвен пипер, малку сол и бибер по вкус. Потоа се додава месото и се пржи десетина минути.

Bobe’s bakery

Кога е запржено месото се додава киселата зелка се меша се заедно да се соедини, се додава 150-200 мл. вода, се покрива со капак или алуминиумска фолија и се става во загреана рерна на 220Ц да крчка  еден час, потоа се трга капакот/ фолијата и да се пече уште 20-30 минути да испари течноста и горе да се запече.

Наздравје!

Bobe’s bakery

Comments are closed.

Next Article:

0 %