КолачиМафиниРецепти

Мафини – Црвено кадифе

Овие  мафини со боја на рубин, популарно се нарекуваат “ЦРВЕНО КАДИФЕ “/ “Red velvet”.

Мамат со црвената боја и сунѓерестата текстура, врз нив се става снежно-белиот мек кремаст слој, кој нема да се стопи веднаш, се декорираат со црвени трошки од тестото, а екстремно брзо исчезнуваат од чинијата.

Состојки за 24 мафини:

  • 220 гр. несолен путер
  • 300 гр. шеќер
  • 3 јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила/ванилин шеќер
  • 1 лажица црвена боја
  • 1 лажица бел оцет
  • 350 гр. брашно
  • 2 лажици какао во прав
  • 1 лажичка печиво
  • ½ лажичка сол
  • 220 мл. матеница / пресечено млеко

*Доколку немате матеница, можете да направите замена. Во чаша ставете сок од цеден лимон и дополнете со 200 мл. млеко. Промешајте и оставете ја да стои 10-15 минути да се пресече.

Состојки за фил за 24 мафини:

  • 200 гр. крем сирење
  • 50 гр. несолен путер
  • 450 гр. шеќер во прав
  • пола лажичка сол
  • две ванили

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180Ц.

Фил: Во голем сад изматете го крем сирењето, путерот, ванилите и солта, додека не стане кремасто. Потоа додадете го шеќерот во прав постепено, мешајќи со бавна брзина за да се соедини. Готовиот фил турете го во најлонска вреќичка со која ќе филувате и ставете го во фрижидер да се здрви.

Тесто: Се матат путерот и шеќерот заедно со миксер додека не станат светли и кремасти. Посебно изматете ги јајцата, ванилата и оцетот и сврзете ги со путерот.

Соединете ги брашното, какаото, прашакот за печиво, прехранбената боја и солта. Додадете ја оваа смесата во смесата со путер, постепено со матење и додајтеја матеницата. Истурете го тестото во модли за мафини, полнете околу ¾, да не се преполни, бидејќи растат.

Печете 18-20 минути. Изладете ги на решетка, извадени од модлата за печење.

Еден мафин изронете го на ситни ронки, за декорација. Со шприц турете од ладниот бел фил врз секој мафин. Врз нив наросете од ронките црвени и послужете. Наздравје!

 

 

 

 

Comments are closed.

Next Article:

0 %