БаклаваДесерти

Баклава со фалти

Оваа баклава е полна со лешници  и чоколадо. Секако може да се заменат лешниците со ореви или бадеми, по ваш вкус. Специфично е нејзиното виткање, затоа подолу ви поставив видео, да ја погледнете подготовката.

Bobe’s bakery

Потребни состојки:

  • 500 грама тенки кори за баклава.
  • 300 грама лешници потпечени, толчени.
  • 200 грама темно чоколадо рендано.

 

  • 50 мл. масло за готвење
  • 120 грама путер/ маргарин стопен

Шербет:

  • 600 грама шеќер
  • 800 мл. вода
  • 2 ванили
  • 3/4 листови лимон

Bobe’s bakery

Подготовка:

Прво се подготвува шербетот. Во тенџере се тура шеќерот и водата, се мешаат да се стопи шеќерот и се ставаат на оган. Откако ќе зоврие шербетот им се додаваат ванилите и листовите лимон и се остава да врие 15-20 минути. Кога е готов се остава да се олади.

Bobe’s bakery

Се земаат две кори, се редат на маса една врз друга, па се сечат на три еднакви ленти. Се попрскуваат со масло само на горната кора, врз неа се тураат лешниците во средина како линија, па одозгора се додава чоколадо. Се зема една лента и се држи со двете раце на краевите од лентата и почнува да се набираат корите како фалти. Кога ќе се набере цела кора по должина, краевите се притискаат силно да се спојат корите, па потоа се вртат кон средината на лентата. Откако ќе се завиткаат, од горниот и долниот дел се повлекуваат наборите за да се преклопат, потоа се превртува баклавата, одоздола да дојде спојот на корите.

Bobe’s bakery

Завиткани се редат во подмачкана тава, се полеваат со стопениот путер/маргарин, па се печат 30 – 40 минути, во загреана рерна на 180Ц, да заруменат.

Топли се полеваат со ладен шербет.

Наздравје сладење!Б.Б.

 

Comments are closed.

Next Article:

0 %