ДесертиКолачиРецепти

Обланди – посни

Со секој залак навлегувате во вкусните тајни на крцкавата повеќеслојна обланда исполнета со кремаст и ароматичен фил. Во секој слој откривате нови димензии на слатките задоволство. Овие обланди се највкусните посни сладости.

Состојки:
  • 700 гр. шеќер
  • 500 мл. вода
  • 200 гр. маргарин
  • 500 гр. мелени бисквити
  • 200 гр. ореви мелени
  • ванилин шеќер
  • 3 лажици какао
  • 5 листа обланди

Подготовка: Во тенџере се тураат заедно водата, шеќерот и маргаринот, се оставаат на силен оган додека да зоврие водата и да се стопи маргаринот, се додава ванилиниот шеќер и се трга од оган. Потоа во течноста се додаваат мелените бисквити, оревите и какаото со мешање додека да се соединат состојките. Филот се остава да се олади со повремено мешање. Се става лист од обланда на подлога и врз него се става четвртина од оладениот фил, врз филот се става повторно лист од обланда, па се филува додека се потроши филот и обландите. Се завршува со лист од обланда, па се оставаат најмалку час да се залепат, потоа обладата се сече во форма на правоаголници и се послужува.

На здравје сладење!

 

Next Article:

0 %