Оваа зимница најмногу ја јадеме, на ручек, како замена за салата.
Модриот патлиџан со лукче, магдонос и оцет е топ комбинација.
Потребни состојки за две големи тегли:
- 4 модри патлиџани,
- 4 лукчиња,
- лажица шеќер,
- пола китка магдонос,
- сол, масло и оцет по потреба.
Подготовка:
Исчистени модрите патлиџани од дршките се редат во тепсија и се печат. Кога ќе се оладат се лупат и се оставаат во цедалка еден час да излезе течноста. Потоа се сечат на парчиња, а семето се вади. Се редат во тегли, ред патлиџани, ред сол и малку шеќер, магдонос и лукче. Кога ќе се наполни теглата се дотура малку масло за јадење и се дополнува со оцет (јас ставам јаболков). Теглите се затвараат и со здравје да се јадат зимоска.