КолачиМафиниРецепти

Мафини

По овој рецепт подготвувам и овошни мафини со сезонско овошје, но овие ги подготвив со домашен џем од јагоди.

Рецептов е за подготовка на 24 мафини.

Потребни состојки:

  • 4 јајца,
  • 250 гр. шеќер,
  • 300 гр. брашно
  • Прашок за пециво
  • Ванилин шеќер
  • 200 мл. јогурт
  • 50 мл. масло
  • 100 гр. Чоколадни топчиња
  • Џем од јагоди
  • шеќер во прав за посипување

Подготовка:

Јајцата, шеќерот и ванилин шеќер се матат со миксер додека не станат пенливи. Мешајте додека шеќерот не се раствори и убаво не се измеша. Се додаваат јогуртот и маслото. Намалете ја брзината на миксерот на минимум. Постепено, лажица по лажица, додавајте го просеаното брашно со прашокот за пециво и продолжете да матите уште малку додека смесата не се соедини и грутките не исчезнат. На крај се додаваат чоколадните топчиња.

Во намастени модли за мафини се тура смесата и се печат петнаесет минути на 220 Ц, малку да заруменат.

Се вадат од модлите и се редат во хартиени модли, кога ќе се оладат, во средина се прави длабнатинка и во неа се полнат со џем. Потоа се посипуваат со шеќер во прав.

Наздравје сладење! /Б.Б.

Next Article:

0 %