Внатре сочни, горниот слој крцкав од потпечениот кашкавал, со интересен шмек од лукот и брокулите се овие потпечени макарони.
Состојки:
- 500 грама пилешки гради
- 400 грама брокули
- едно пакување макрони
- 200 грама моцарела рендана
- 200 грама кашкавал рендан
- 400 мл неутрална павлака
- лажица путер
- лажица зачинал
- сол, бибер и лук
Подготовка: Се варат пилешкиот стек и макароните (алденте), а брокулите да се обарат 5 минути во зовриена вода со лажичка сол.
Се сечкаат пилешкото и брокулите, па во тава на путер се пропржуваат, се зачинуваат со зачинал, лук во прав и бибер по вкус.
Потоа се додава неутрална павлака, се меша се заедно да се сврзе, да крчка 5 минути, па се додаваат макароните. Откако ќе се соедини се заедно, се додава моцарела, се меша да се сврзат и се тураат во тава за печење. Се прекриваат со рендан кашкавал и се ставаат во загреана рерна да се печат 15 минути на 220Ц.
Наздравје!
https://youtube.com/shorts/onJKqR5ePas?feature=share