ЛебПечива

Лепче со лук и босилок

Ќе го обожавате овa лепче со лук и босилок. Ароматичен е од лукот и босилокот, мек, декоративен и со уникатен вкус. Идеален е за оние прилики кога сакате да оставите впечаток на трпезата.

Состојки потребни за тестото:

  • 500 гр. брашно
  • 200 мл. млака вода со 1/2 свеж квасец да стаса,
  • мала лажица сол,
  • мала лажица шеќер,
  • мала лажица прашок за пециво,
  • две лажици масло.

Состојки потребни за филот и подготовка:

  • 3 – 4 чешни лук,
  • 50 гр. путер,
  • 50 мл. масло,
  • десетина листови босилок свеж.

Чешните лук се чистат и се поминуваат низ пресата за лук. Во тава се ставаат  путер да се стопи, се додава масло и лукот. Се пропржуваат колку да пушти арома лукот, па се тргаат од оган и му се додаваат десет ситно исечкани листови босилок.

Подготовка:

Се замесува меко тесто, се формира топка и се остава 15 мин. да стаса, покриено со крпа. Откако ќе стаса, се преместува уште еднаш и повторно се остава, да стаса уште 15 минути. Потоа тестото се дели на четири парчиња, од нив се формираат топчиња. Секое топче се развлекува до големина на тепсијата, првата кора се става на хартија за печење, се премачкува со филот и врз неа се става следната кора. Кога ќе се наредат сите кори, се сечат на 16 дела, сите се вртат околу себе, во пар една кон друга (погледнете подолу во видеото) и се ставаат во тавчето за печење со хартијата. Лепчето повторно се остава покриено да стаса уште 30 – 40 минути. Се пече во загреана рерна на 220 степени.

Наздравје!

Next Article:

0 %