ДесертиКолач / РолатРецепти

КРЕМПИТА

Мека како памук, полна со сатенски ванила крем.
🍰Оладена е мелем за овие тропски горештини.

Состојки за тестото:

  •  6 жолчки,
  •   јајце
  •  6 лажици шеќер,
  •  6 лажици брашно,
  •  прашак за печиво

Состојки за филот:

  • литар млеко,
  •  16 лажици шеќер,
  •  8 лажици нишесте
  • 2 пакувања ванилин шеќер
  • јајце
  • 6 белки

Подготовка:

Се матат 6 жолчки и едно цело јајце со 6 лажици шеќер. Кога ќе се направи пена, постепено се додаваат 6 лажици брашно измешани со прашакот за печиво и се меша со лажица. Смесата се тура на хартија за печење, во голем плех. Се пече 15 минути во загреана рерна на 180Ц, да остане светла боја тестото, да не се запече. Кога ќе се олади тестото, се вади од хартијата и се дели на два дела.

Фил:

1. Се мати јајцето со 3 лажици шеќер, се додава 150 мл. ладна вода и нишестето. Се меша се заедно да стане густа смеса, без грутки.
2. Се матат 6 белки, кога ќе станат пена постепено се додава 6 лажици шеќер со непрестано матење со миксер, да стане шампа.
3. Млекото се вари со 7 лажици шеќер и ванилите, кога ќе зоврие се намалува температурата, му се додава претходно подготвената смеса со непрекинато мешање, додека да згусне. Кога ќе згусне кремот, се трга од оган, во топлиот крем се додава шампата од белки.

Тестото се сече на два дела. Во длабок сад колку половина тесто се става една кора, врз неа се тура целиот крем, па бајгоре другата половина од тестото. Се става 1 час во фрижидер, да се здрви кремот. Се сечат коцки, се наросува со шеќер во прав и се  послужува,  декорација по желба.

Наздравје!

Next Article:

0 %