ДесертиКолачиРецепти

Желе од портокали

Ова желе е со тенок шеќерен, крцкав слој однадвор, а внатре меко и сочно, со интензивен и неповторлив вкус од портокал. Одамна не сум вкусила вакво нешто.

Bobe’s bakery

Потребни состојки:

  • 250 мл. сок од портокали
  • 50 гр. нишесте
  • 70 гр. шеќер во прав
  • лажица стопен путер
  • прстофат сол
  • 50 грама шеќер кристал

Bobe’s bakery

Подготовка:

Во тенџере турете ги сокот од портокали, шеќерот во прав и нишестето.

Добро измешајте ги, да нема грутки од нишестето. Потоа 5-6 минути на тивок оган, да се вари со мешање цело време, додека да згусне смесата.

На згуснатата смеса се додава прстофат сол и путер и се продолжува да се меша уште 15 минути, на слаба температура да не загори, а смеса да стане како тесто, да се двои од тенџерето.

Кога ќе се олади смесата се става во силиконски модли или целата се тура на растеглива фолија во тава, се витка и одозгора со фолија и се става во фрижидер да стегне желето. Кога ќе стегне се сечат коцки / се вадат од модлите и секоја коцка/форма се става во шеќер кристал, да се обвитка со шеќерен слој.

Наздравје!/Б.Б.

Bobe’s bakery

 

Bobe’s bakery

 

Bobe’s bakery

Bobe’s bakery

Next Article:

0 %