ПојадокРецепти

Гранола – крцкави домашни мусли

Гранолата е најбрзата од сите можни опции за правење појадок. Јас секогаш го комбинирам со јогурт, но можете да го јадете и со млеко. Сакам да ставам секогаш свежо овошје, ја комбинирам и со чија пудинг, ако немам свежо овошје ставам малку домашен џем за да ми биде послатка целата комбинација. Едноставно и фино, на вас останува да ја пронајдете вашата идеална комбинација.
Денеска ставам основен рецепт со кој можете да си играте до недоглед и тотално да го прилагодите на себе – додадете го она што го имате дома, додадете чоколадо, суво овошје, зачини, семки.
Имагинацијата и игрите немаат крај!
Со среќа!

  • Потребни основни состојки:
    – 350 гр снегулки од овес, спелта, јачмен, пченица, ‘рж,
    – 2 лажици кокосово масло (путер),
    – 7 лажици мед,
    – прстофат сол.
  • Дополнителни состојки:
    – чиа семе, мелен лен, сончоглед,
    – сушено овошје (брусница, суво грозје, кајсии),
    – јаткасти плодови (бадеми, лешници, ореви, кикиритки),
    – зачини (цимет, каранфилче, ѓумбир, морско оревче),
    – чоколадо,
    – кокос.

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 170Ц степени.
Во длабок сад ставете ги сувите состојки, зачините, јаткастите плодови и  сувото овошје (брусница, грозје, кајсии, урми…) измешајте се заедно, јас ставив и две банани исечкани.
Растопете ги кокосовото масло и медот во тенџере за да станат течни, а потоа измешајте ги со сувите состојки. Добро соединете сè за да стане лепливо.
Истурете ја смесата во тава за печење обложена со хартија, израмнете и притиснете.
Ставете ја во рерна додека не поруменат, околу 20 – 30 минути.
Ако не ви се допаѓаат големи парчињата гранола, тогаш за време на печењето двапати промешајте ја гранолата во тавата.
Откако ќе се олади префрлете ја гранолата во стаклена или лимена кутија.
Рок на траење е приближно 2 месеци.
Наздравје!

Bobe’s bakery

 

 

Bobe’s bakery

Bobe’s bakery

 

Bobe’s bakery

Bobe’s bakery

Next Article:

0 %