Со доаѓањето на пролетта, природата се буди, а трпезата се збогатува со свежи и ароматични состојки. Еден од најомилените сезонски специјалитети е сармата во лозов лист — лесна, миризлива и исполнета со традиционален вкус што потсетува на домашна топлина и семејни собири.
Сармата е препознатливо јадење во македонската кујна. Додека во зима најчесто се подготвува со кисела зелка, во пролет добива поинаква, освежувачка нота благодарение на младите лозови листови, кои и даваат карактеристичен и деликатен вкус.

Состојки:
- 40–60 млади лозови листови (во зависност од големината)
- 300 грама мелено месо
- 100 грама ориз
- 1 главица кромид
- 1 морков
- магдонос, нане, оригано
- црн бибер, црвен пипер и сол по вкус
- масло за готвење
За прелив:
- малку бело вино (по желба)
- 0,5 кисело млеко
- 3 јајца
Начин на подготовка:Лозовите листови измијте ги и кратко бланширајте ги во врела посолена вода (околу 2–3 минути), потоа извадете ги и оставете ги да се изладат.
Во тава загрејте малку масло и пропржете го ситно сечканиот морков, па
додајте го кромидот и динстајте додека омекне. Додајте го меленото месо и гответе 5–10 минути. Потоа ставете ги оризот и зачините, измешајте убаво и тргнете од оган. На секој лозов лист ставете малку од филот и внимателно завиткајте сарми. Наредете ги сармите во тенџере, прелијте ги со топла вода колку да се покријат и поклопете.
Подгответе го преливот: Изматете ги јајцата, додадете го киселото млеко и зачинете со малку сол и црн бибер. Гответе во загреана рерна на 220°C околу 30 минути. Потоа тргнете го капакот, прелијте со малку бело вино, после 5 минути прелијте со преливот и оставете да се потпечат уште 15 минути.
На здравје!











