ДесертиКолачиПечива

Божиќни колачи со путер

Овие се највкусните путер колачиња, меки, ровки сладости.

Потребни состојки:

  • 440 гр. брашно
  • 220 гр. путер
  • 220 гр. шеќер
  • кесичка ванилин шеќер
  • јајце
  • половина лажица прашок за пециво
  • кафена лажица цимет

За Кралската глазура потребно е:

  • белка
  • 200 гр. шеќер во прав
  • лажица сок од лимон
  • половина лажица нишесте

Bobe’s bakery

Начин на подготовка:

Во сад за матење се ставаат и матат путерот, шеќерот и ванила, а потоа се додава и јајцето.

Кога смесата ќе се соедини, се додава претходно измешаното  брашно со прашокот за пециво и цимет. Тестото убаво рачно се замесува, се дели на два дела , секој дел се обвиткува со растеглива фолија и се става во фрижидер на 30 минути – за да се олади тестото. Се зема едниот дел од тестото и на површина посипана со брашно се развлекува кора со дебелина од 5 мм. Потоа со модла се сечат различни форми. Се редат на плех со хартија за печење и се ставаат во загреана рерната на 180Ц да се печат 10 минути. Истата постапка се повторува и со другиот дел од тестото.

Bobe’s bakery

Убаво изладени колачињата се декорираат со кралска глазура.

Во убаво изматена белка постепено се додадава шеќерот во прав  измешан со нишесте и се мешаат се додека не се добие густо- течна смеса. На крајот со мешање се додава и сокот од лимон. Глазурата се дели на повеќе дела, се става во шољи, зависно од бројот на боите  кои треба да се направат. Во секоја од шољите се додава прехранбена боја, која потоа се става во фишеци од хартија или во кесички. Колачињата се украсуваат со разнобојните глазури и се оставаат најмалку два часа на собна температура, за глазурата да се стегне и исуши.

Божиќните колачи со путер се чуваат во стаклен сад или метална кутија за колачи.

Наздравје!

Bobe’s bakery

Bobe’s bakery

Next Article:

0 %