ДесертиТорти

Чоколадна торта – без печење

Кремаста, чоколадна торта, брза за подготовка, без печење. Јас ја направив со ореви, но следниот пат ќе ја правам со бадеми. Вие правете како си јадете најмногу.

Потребни состојки:

  • 200 грама чоколадо за готвење,
  • 100 грама темно чоколадо,
  • 600 мл слатка павлака,
  • 300 грама мелени ореви (бадеми или лешници),
  • 300 грама мелени бисквити,
  • 200 грама путер на собна температура.

Начин на подготовка:

ФИЛ: Во тенџере се ставаат 200 грама чоколадо за готвење и 500 мл слатка павлака, на појака температура со мешање да се стопи чоколадото. Откако е стопено се трга на страна да се олади. Оладено се мати со миксер да стане кремасто. Во кремот се додаваат 100 грама мелени ореви и 100 грама мелени бисквити и се меша се заедно.

ПОДЛОГА: Во длабок сад се ставаат 200 грама мелени бисквити, 100 грама мелени ореви и 100 грама путер. Се заедно се меша да се сврзат состојките, ако е многу суво се додаваат 2-3 лажици млеко. Оваа смеса се тура во 22 см. модла за торти, со лажица се притиска смесата да се распореди насекаде.

  • Врз подлогата го ставаме филот.

ГОРНИОТ СЛОЈ: Во длабок сад се ставаат 100 грама мелени бисквити, 100 грама мелени ореви и 100 грама путер. Се заедно се меша да се сврзат состојките. Овој слој треба да е сув, песоклив.

  • Врз филот се тура овој песоклив слој.

ПРЕЛИВ: Во тенџере на  силен оган се става 100 грама темно чоколадо и 100 мл слатка павлака. Се меша се додека не се стопи чоколадото.

  • Врз песокливиот слој се тура топол преливот. Откако преливот ќе се олади, тортата се става во замрзнувач да стои најмалку час. Потоа се вади, се украсува со јатки ореви и се  служи. Се чува во фрижидер за одржување.

Наздравје сладење! /Б.Б.

Bobe’s bakery

 

Bobe’s bakery

 

Bobe’s bakery

Product Review

Next Article:

0 %