Слатко секогаш подготвувам од сезонско овошје, го користам во подготовка на десерти и нормално за сладење, кога ми паѓа шеќерот.
Времето за подготовка е подолго, но чуството е прекрасно кога се сладиме.
Рецептот го добив од @radmila.dr, минатата зима прв пат го подготвив, и годинава секако. Вреди да се проба, за сите девет води и посветен ден на Слатко од мандарини🍊
Подготовка:
Најмалите мандарини, клементини (без семки) со здрава кора се мијат, се боцкаат со вилушка и се ставаат во тенџере со ладна вода на оган да се варат додека зоврие водата, потоа се истура водата, се полни ладна вода и се повторува процесот до девет води. За да излезе горчината.
Во тенџере се вари шербет (на едно кило мандарини – едно кило шеќер – половина лажичка лимонтус растопен во малку водичка и 500 мл.вода). Во шербетот се тураат мандарините и се варат на средна температура додека се згусне шербетот, откако ќе зоврие 40-45 минути. Додека се вари со цедалка се вади пената. Кога е готово се трга од оган и се покрива со влажна крпа и се остава да се олади.
Оладено се собира во тегли.
Наздравје сладење!