За мене еден од најубавите ликери е овој со вишни🍒. Секоја година го подготвувам и експериментирам, минатата година го подготвив со вотка, а годинава со ракија.
Состојки:
- 2 кг. вишни
- 1 кг. шеќер
- 3 пакувања ванила шеќер
- 2 стапчиња цимет
- неколку каранфилчиња
- 3-4 резанки лимон
- литар ракија или вотка
Подготовка:
Вишните измиени и исчистени од стебленцата, со семки се редат во поголема тегла од 3 кг, или во неколку помали тегли, јас ги ставив во шише од 2 литри. Се додаваат: шеќерот, ванила шеќерот, каранфилчињата, лимон-резанките и стапчињата – цимет. На крајот, во теглата се тура ракијата/вотката, убаво се затвора теглата, се протресува и се остава на сонце да одстои 40 дена. Теглата повремено се протресува, за по 40 дена да се отвори и да се процеди. Ликерот со вишни потоа се става во шишиња./Б.Б.
🍸Живели!