На првиот поглед овој џем ќе ве плени со огнената, стаклена портокалова боја, кога ќе го вкусите на непцето ќе ја осетите неговата сатенска структура, а раскошниот сладок вкус, со мала горка нота од кората, помешан со прекрасната арома на мандарините ќе ве избезуми.
Состојки:
- килограм мандарини
- 400 грама шеќер
- лажица лимонов сок
- 10 грама желатин
Подготовка:
Мандарините се мијат и се лупат. Со нож се лупат-чистат белите конци. Се сечат на половина и се вадат семките. Вака исчистени се тураат во длабок сад, се додава ренданата кора, врз нив се тура шеќерот и се ставаат на силна температура да зовријат. Се оставаат да вријат 20 минути, потоа се пасираат. Повторно се става на силен оган да врие 10 минути. Се намалува температурата па се додава, претходно растворен желатинот во ладна вода и сокот од лимон. Се остава да врие 5 минути. Се собира топол џем во топли тегли.
Наздравје!
На следново видео може да ја видите подготовката: