МезињаПредјадењаРецепти

Роловани ајварки со сирење

За вкусот неможам да зборувам, мора да се проба овој деликатес.

Состојки:

  • 7 пиперки ајварки
  • 200 грама козјо сирење
  • 3 лажици крем сирење
  • 30 мл. маслиново масло
  • 50 гр. мелени бадеми или ореви
  • 2 лукчиња на преса
  • 1/4 китка магдонос
  • лажица црвен пипер
  • сол и бибер по вкус

Подготовка:

Пиперките измиени, па исушени се печат во рерна. Испечени се редат во кеса (за лесно да се излупат) и така се оставаат да се оладат. Додека се ладат се подготвува филот.

Во длабок сад се тура сирењето дробено како ронки, потоа се додава крем сирењето, бадемите или оревите мелени, магдоносот сечкан, лукчето, маслиновото масло, црвениот пипер, солта и биберот по вкус. Се меша се заедно да се сврзе.

Оладените пиперки се лупат, се чистат од дршките и од семките. Секоја пиперка се сече на половина во должина (од една пиперка се прават две ролни).

На работната маса се става една половина од пиперка, на горниот широк дел се тура лажица од филот, се ролова и се редат во сад за сервирање. Одозгора се полеваат со маслиново масло, се наросува од бадемите или оревите и сечкан магдонос.

Наздравје!

 

Next Article:

0 %