Предјадења

Печени ќофтиња од тиквички

Брзи и лесни за подготовка.

Потребни состојки:
– 2 тиквички
– 2 јајца
– 3 големи лажици брашно
– 3 чешњина лук
– пола китка магдонос сечкан
– лажичка зачинал
– сол по желба
– бибер по желба.

Тиквичките излупени се рендаат, се посолуваат и се ставаат во цедалка да се исцедат. Јајцата се матат, во нив се ставаат тиквичките, брашното ( јас ставив интегрално), лукчето рендано, магдоносот и се меша се заедно. Се става зачиналот, сол и бибер по желба. Во тепсија на мрсна хартија се става по една голема лажица од смесата. Се печат 15 – 20 минути, во загреана рерна на 220Ц.
Јас ги послужива со сос. Во длабок сад ставив 4 лажици кисела павлака, 2 лажици мајонез, исечкав на коцки едно цвекло конзервирано и се заедно измешав.

Next Article:

0 %