Овие овесни барови со смокви се здраво, вкусно, слатко задоволство што секој го сака!
Mногу ми се допаѓаат бидејќи се лесни за подготовка и се преполни со влакна и протеини. Направени со овесно брашно и природни засладувачи. Тие се без глутен, што значи совршени се за оние кои имаат чувствителност на глутен или алергии.
Потребни состојки за тесто:
- 125 грама овесно брашно
- 125 грама овесни снегулки (крупно мелени)
- 1/2 прашак за печиво
- 1/4 лажичка сол
- 60 мл. јаворов сируп или 2 лажици мед
- 80 грама кокосово масло стопено
- ванилин шеќер
- јајце
Потребни состојки за фил:
- 200 грама смокви суви
- 3 лажици јаворов сируп или мед
- лажичка рендана кора од лимон или портокал
- прстофат сол
Начин на подготовка:
Фил: Во тенџере со вода се ставаат смоквите и се варат 15 минути да набабрат, па се тураат во цедалка да се оладат. Во блендер се ставаат смоквите, јаворовиот сируп или мед, лимоновата кора и прстофат сол. Се меле филот да стане како паста.
Тесто: Во сад се мешаат сите суви состојки ( овесното брашно ситно и крупно мелено, прашакот за печиво и сол). Во друг сад се мешаат течните состојки ( јајцето, кокосовото масло, ванилин шеќер, јаворов сируп или мед). Течните состојки се додаваат на сувите состојки, се меша се заедно да се добие леплива смеса. Половина и повеќе од смесата се тура во тава 20 см х 30 см, на хартија за печење. Одозгора со лажица се распоредува и рамни смесата. Врз неа се тура филот, исто така се размачкува врз тестото. Потоа одозгора со прсти се рони преостанатото тесто.
Се пече 15 минути, во загреана рерна на 220 степени, да добие златеста боја горниот слој. Се остава убаво да се олади, па со нож се сечат долгнавести барови. Подолу може да погледнете видео каков е начинот на подготовка.
Наздравје сладење!