ПредјадењаСупи

Крем супа од карфиол

Густа со кадифен вкус е оваа крем супа, со потпечено лепче, магдонос и пармезан е добитна комбинација за да ви ја стопли душата.

Состојки:

  • 300/400 гр. главица карфиол
  • 2 компири
  • 250 мл. млеко
  • 3 дафинови листови
  • 3 чешни лук
  • главица кромид
  • 2 коцки зеленчукова супа
  • сол и бибер по вкус

За сервирање: потпечени лепчиња на коцки исечкани, маслиново масло, магдонос и пармезан.

Подготовка:

Во тенџере на масло се пропржува 5 минути сечканиот кромид и лукчето на средна температура, да ги пуштат соковите, потоа се додаваат цветовите од карфиол, дафиновите листови, компирот исечкан на коцки и се налева 750 мл. вода. Откако ќе зоврие водата се додаваат коцките супа и се остава 15 минути да врие супата на средна температура. Се вадат дафиновите листови и со блендер се пасира. На пасираната смеса се додава млекото, ако е премногу густа супата се додава уште малку вода, се зачинува со сол и бибер по вкус и се остава на средан температура уште 5 минути да врие.

Се сервира топла, откако ќе се наполни чинијата, врз супата се капнува малку маслиново масло, во средината на чинијата се става купче коцки од потпечени лепчиња, се наросува со свеж, сечкан магдонос и се наросува со рендан пармезан.

На здравје!

Next Article:

0 %