Кога ќе го скршиме мразот, всушност слатката стаклеста карамела, ќе се засладиме со ладниот освежителен слатко – киселкаст сатенски крем од лимон, кој во комбинација со крцкавата глазура е вкусна прекраснотија.
Потребни состојки:
🟡5 лимони
⚪️300 мл. млеко
⚪️5 лажици шеќер
🟡сок од лимон
🟡рендана кора од лимони
🟡жолчка
⚪️2 лажици нишесте
🔵50 мл. вода
⚪️50 гр. шеќер за наросување
Подготовка:
🍋Лимоните се сечат на половина во должина, со мало лажиче се вади средишниот дел, да остане само кората од лимонот. Потоа се подготвува кремот.
Крем: Млекото со четири лажици шеќер, се вари до зовривање на средна температура, потоа се додава постепено претходно подготвена смеса од жолчката изматена со лажица шеќер, две лажици густин и 50 мл. вода. Јас смесата ја турам преку цедалка, за кремот да нема грутки, да биде мазен. Кремот се меша додека да згусне, пред крај во кремот се додаваа ренданата кора од лимон. Кога кремот ќе стане доволно густ се трга од огнот, му се додава сокот од лимон и повторно се меша да се соедини.
Потоа во лушпите од лимоните се тура топол кремот, да се наполнат, па се ставаат во фрижидер да се здрви и олади кремот 40 минути. Се вадат од фрижидерот, се прекрива кремот со шеќер, па потоа со бренер се гори шеќерот додека се карамелизира. Веднаш се служат за јадење, додека кремот е ладен, а карамелот е стаклест.
Наздравје!