ДесертиКолачиРецепти

Здраво и вкусно ТОБЛЕРОНЕ

Вкусот од печен бадем, мед, чоколадо и урми е незаменлив, за мене најдобра комбинација.

Овие колачи брзо се подготвуваат и не се печат, по вкусот ме потсетија на тоблероне, затоа така ги нареков. Посни се и многу слатки за конзумирање.

Потребни состојки:

  • 200 гр. овесни снегулки мелени
  • 100 гр. бадеми печени, мелени
  • 200 гр. урми пасирани со 50 мл. oризово / кокосово млеко
  • лажица путер од кикирики
  • две лажици какао
  • две лажици мед
  • 100 гр. стопено темно чоколадо за глазура

Подготовка:

Во длабок сад се тураат сувите состојки :овесните снегулки мелени, се додаваат мелените бадеми, претходно во сува тава ги потпекувам на силен оган со мешање и какаото. Се меша, па се додаваат испасирани урмите со млеко, путер од кикирики и мед. Се добива леплива смеса која се тура врз хартија за печење, одозгора смесата се преклопува со хартијата и со сукало се развива кора да се добие дебелина по ваша желба, само да не емногу тенко, дека смесата е мека и ќе се деформира. Потоа се сечат во саканата форма, јас ги сечев кругчиња со мала чашка, се ставаат во фрижидер за замрзнување и се оставаат 15 минути.

На пареа се топи чоколадото, кога ќе се олади се прекрива секое колаче, се украсува по желба, додека е меко чоколадото.

Наздравје!

Next Article:

0 %