ДесертиКолачи

Жербо коцки

Жербо коцките се традиционален унгарски десерт кој импресионира со својот вкус. Постојат бројни варијанти на овој колач. Мојот е традиционалниот рецепт,  малку збогатен – се надевам дека ќе ви се допадне!   

Состојки потребни за тестото:

  • 200 гр. путер,
  • половина пакување свеж квасец,
  • 100 гр. шеќер во прав,
  • малку сол,
  • три жолчки,
  • прашок за пециво,
  • 150 мл. јогурт,
  • 500 гр. брашно,
  • рендана кора од портокал.

Состојки потребни за филот:

  • 400 гр. џем од кајсии,
  • 200 гр. мелени ореви,
  • 100 гр. шеќер во прав.

Состојки за прелив:

  • 100 грама путер,
  • 4 лажици шеќер во прав,
  • 4 лажици какао.

Подготовка:

Се матат путерот со шеќерот, па им се додаваат жолчките. Кога сместа ќе се соедини, се додава квасецот, прашокот за печиво, брашното, ренданата кора од портокал, солта и јогуртот и се замесува не многу лепливо тесто. Кога убаво ќе се измеси, се витка во фолија и се остава да одмори, во фрижидер, 30 минуи. Потоа тестото се вади од фолијата и се дели на четири топчиња. Од секое топче, на набрашнета површина, се сука кора.

Во плех со димензија 40см х 25см, се става една кора, се боцка со вилушка, се премачкува со џем од кајсии и се посипува со мелени ореви, измешани со шеќер во прав.

Оваа постапка се повторува со сите топчиња. Кога ќе се стави, последната – четвртата кора, се боцка со вилушка и така подготвен, колачот се става во рерна загреана на 180 степени и се пече 30 минути (да добие златеста боја).

Кога ќе се олади се посипува со чоколаден прелив.

Подготовка на чоколаден прелив:

Се топат 100 гр. путер со 4 лажици шеќер во прав, 4 лажици какао, 4 лажици вода. Се меша се до соединување на глазурата, за потоа да се нанесе на колачот.

Наздравје!

 

Next Article:

0 %