Оваа проја е мека, ронлива со убав шмек од перцата на младите кромитчиња. Јас ја подготвив со козјо сирење, а вие ставете сирење по ваш вкус. Ми се допаѓа тоа што секој пат можам да ја подготвувам со различен вкус, понегогаш ја подготвувам со праз и сирење, со три лажици ајвар и сирење, само со сирење, со маслинки и сирење, најважно е на крај кога се додава брашното постепено и да се меша, смесата не треба да биде како тесто за леб, туку течна а, густа, за да ви биде мека и ровка и другиот ден.
Ја подготвувам со пченкарно брашно, но за да е поронлива пченкарното брашно го заменувам со палента, бидејќи некои велат дека кога јадат проја ги дави, ги засркнуваат ронките, тие треба со палента да ја подготват.
Потребни состојки:
- 3 јајца,
- 200 мл. јогурт/млеко,
- 200 мл. кисела вода,
- 150 мл. масло за готвење,
- прашак за печиво,
- мала лажичка сол,
- 15 големи лажици пченкарно брашно/палента,
- 15 големи лажици бело брашно,
- 200 грама ронки сирење,
- перца од 3 млади кромитчиња,
- 30 грама мешани семиња за наросување одозгора.
Начин на подготовка:
Се матат јајцата, па им се додава киселата вода, јогуртот и маслото. На оваа смеса се додаваат брашната измешани со прашакот за печиво и солта. Се меша се заедно со лажица, па се додаваат перцата од кромид исечкани или зајрето по ваша желба и ронките сирење. Се тура во намастена тепсија, па наросена со презла или во модли за мафини. Одозгора се наросува со мешаните семиња, па се става да се пече во загреана рерна на 220 Ц, 20 минути.
Наздравје!