Вртени стапчиња полнети со моцарела, лук во прав и магдонос. Како памук меки, со убав вкус и многу лични како кукли 

Bobe’s bakery

Потребни состојки за тесто:

  • 400 гр. брашно,
  • 180 мл. млеко,
  • 7 гр. сув квасец,
  • 30 гр. путер стопен,
  • едно јајце,
  • една мала лажичка сол.

Потребни состојки за фил:

  •  250 грама моцарела или ајдемер,
  • една лажица лук во прав,
  • неколку гранчиња магдонос.

За премачкување:

  • 20 грама стопен путер,
  •  жолчка.

Bobe’s bakery

Начин на подготовка:

Во длабок сад се мешаат сите состојки за тесто. Се замесува меко тесто, се формира топка се покрива со крпа и се остава еден час да стаса тестото.

Откако ќе стаса тестото, без да се премесува се дели на четири еднакви дела. Се земаат две топчиња и секое се расукува 20х30 см. Едното од нив се премачкува со путерот, се наросува со половина од моцарела (другата половина за другото тесто), врз неа се става дел од магдонос и се става малку лук во прав. Филот се покрива со другото развлечено тесто.

Bobe’s bakery

Со нож го сечеме тестото на осум ленти од потесната страна (20 цм). Четири ленти ги премачкуваме со путерот. Земаме една лента тесто која не е намачкана со путер и ја ставаме врз лента намачкана со путер. Продолжуваме исто со останатите ленти тесто. Значи добиваме сега четири ленти. Секоја лента со стапче дрвено за ражнич ја стискаме на средина по долж на лентата од тесто, за да се разлистаат слоевите. Потоа секоја лента ја сукаме и ја ставаме во тава на хартија за печење.

Bobe’s bakery

На крај се премачкуваат со жолчка и се ставаат да се печат 20 минути, во загреана рерна на 220 степени. Подолу на видеото може да го видите начинот на подготовка.