За мене
Добре дојдовте во Bobe’s Bakery.
Јас сум Јованка Јанкоска Бобе. Сакам да готвам, да фотографирам храна и патувања и да ја пронаоѓам убавината во едноставните нешта.
Додека готвам, често додавам состојки според чувството и инспирацијата. Но, кога ги споделувам рецептите на мојот блог, се трудам да ги запишам што е можно попрецизно, со сите детали што ќе ви помогнат лесно и успешно да ги подготвите.
Покрај рецепти, тука ќе пронајдете идеи за украсување на трпезата, креативни декорации од храна и фотографии во кои се преплетуваат боите, вкусовите и малите радости на секојдневието.
Мојата желба е да ви ја пренесам љубовта кон храната и готвењето, да ве инспирирам да испробувате нови рецепти, да експериментирате со вкусови и, пред сè, да уживате во секој момент поминат во кујната.
Добра храна, добра музика и добри чувства – тоа е моето мото.
Ви благодарам што одвоивте време да го посетите мојот блог. Се надевам дека тука ќе пронајдете инспирација, нови идеи и причини со уште поголемо задоволство да готвите и да ги споделувате убавите моменти со оние што ги сакате.
Сите фотографии објавени на овој блог се мое авторско дело. Ве молам да не ги преземате, објавувате или користите без моја претходна дозвола.
За соработка
Ако ви се допаѓа она што го создадавам и сакате да соработуваме, слободно пишете ми на: аhbobe@yahoo.com



