ДесертиКолачи

ШИШАРКИ

Највкусните, декоративни, крцкави колачи, лесни за подготовка, без печење од корнфлекс, со печени бадеми, рум и мед за побогат вкус

👩🏼‍🍳Потребни состојки:

  • 200 грама мелени бисквити
  • 50 грама мелени бадеми печени
  •  3 лажици крем
  • лажица путер од кикирики
  • лажица мед
  • 150 грама чоколадни лушпи корнфлекс
  • лажица рум
  •  шеќер во прав за декорација

👩🏼‍🍳Начин на подготовка:
Во длабок сад се тураат сите состојки освен корнфлексот и се мешаат, да се добие смеса како за бомбици, ако е многу сува смесата може да се додаде една до две лажици млеко.


Од смесата се формираат шишарки, потоа од долу нагоре на секоја шишарка и се редат чоколадните лушпи корнфлекс, околу шишарката. Кога ќе се готови се тура врз нив шеќер во прав за декорација.

Од оваа доза излегуваат седум  шишарки.
Наздравје!

Начинот на подготовка може да го погледнете на следното видео:

 

Next Article:

0 %