Чомлек – магична симфонија на вкусови, од месо и стаклести меки кромитчиња, која со аромата од црвените пиперки го заокружува автентичниот вкус на македонската кујна.
Состојки:
- 1,5 кг. свинско или телешко месо исечкано на коцки
- 2 кг. малечки кромитчиња
- 10 нелупени чешниња лук
- 200 гр. суви сливи без семки
- 3 суви/свежи црвени пиперки
- 100 мл доматен сос
- 100 мл масло
- 2-3 Ловоров лист
- лажица црвен пипер
- сол и црн пипер
Подготовка:
Месото кратко пропржете го на малку маснотија, додадете вода и на тивок оган динстајте околу 30 минути. Во меѓу време додадете ги црвените пиперки и ловоров лист. Откако месото е издинстано, течноста испарена зачинете по вкус, додајте ги лукчињата нелупени со тенкиот слој, за да не се распаднат, па потоа додајте ги кромитчињата цели и сувите сливи и промешајте. Целата содржина од тенџерето префрлете ја во земјена тава, јас овој пат го подготвив во истото тенџере, налејте топла вода и доматен сос, затворете со капак и оставете да крчка два часа во загреана рерна на 220Ц. Потоа тргнете го капакот и оставете уште десетина минути да се потпече.
На здравје!