За топли денови најубаво слатко освежување е фрапе од јагоди. Додека е сезоната за јагоди да се насладиме.
Потребни состојки:
- 10 крупни јагоди
- Лажица мед или агаве сируп
- 200 мл. Ладно млеко ( бадемово)
- Топка сладолед или шлаг од слатка павлака
- Прелив од јагоди ( џем од јагоди)
Начин на подготовка:
Во блендер се ставаат јагодите, медот и млекото. Се заедно се блендира. Се тура во чаша, одозгора се става шлаг од слатка павлака или топка сладолед. Врз шлагот се става прелив од јагоди, јас ставив домашен џем од јагоди и се декорира со јагоди🍓.
Наздравје сладење!