Главни јадења

Слатко-кисела магија на чинија

Моркови и пашканат, потопени во богат сос од домати, мајчина душичка, мед, лукче, маслиново масло. Вкусна магија на чинија што ги освежува сетилата!

Оваа магија се прелева врз бел кремаст сомотен крем од урда, лимонов сок и кора од лимон кој го обвива секоја залак со мекоста и свежината на својот вкус. Медот ја дополнува сладоста од морковите која совршено ја балансира киселоста на лимоновиот сок и кората, создавајќи хармонија.

Совршено за лесен оброк кој ќе ве изненади со интензивни вкусови!

Состојки:

  • 4 средни моркови
  • 2 пашканати
  • 200 мл. доматен сос
  • лажица Ворчестер сос или Соја сос
  • 2 чешниња лук, ситно сечкани
  • 30 мл. маслиново масло
  • 1/2 лажичка мајчина душичка (свежа или сушена)
  • 1 лажица мед
  • сол и бибер по вкус
  • 1/2 сок од лимон
  • рендана кора од лимон
  • 300 гр. урда

Подготовка:

  1. На загреано масло во тава ставете ги морковите исечени на половина во должина. Пржете 2-3 минути, извадете ги и ставете ги во тава за печење. Потоа и со пашканатот повторете ја постапката.
  2. Во длабок сад ставете го маслиново масло, лукчето, доматниот сос, мајчината душичка, мед, сол и бибер. Измешашјте и прелијте ги морковите и пашканатот со преливот. Нека се крчка во загреана рерна 15 минути на 220 Ц.
  3. Во меѓувреме, во блендер, измешајте урда со сокот и кората од лимон, додадете малку сол по вкус и изблендирајте се заедно 2-3 минути да се добие сомотен крем.
  4. Сервирање: Во чинија, поставете слој крем од урдата, врз него наредете ги морковите и пашканатот и прелијте ги со соост од печените моркови и пашканати. Завршете со малку свежо мелен бибер и, по желба, декорирајте со неколку листови мајчина душичка.

Уживајте во оваа креативна комбинација на вкусови!

Брзо, здраво и полно со вкусови!

Идеално за секој ден!

Next Article:

0 %