ПијалоциРецепти

Салеп – како лек за настинки, кашлица

Салепот е хранлив и вкусен десерт, се користи како лек за настинки, кашлица и напиток против дијареја кај деца. Тој е вкусен, топол, сладок пијалок идеален за студените зимски денови.

Состојки:

  • 4 лажици салеп
  • 2 лажици шеќер/мед/стевиа
  • ¼ лажичка ѓумбир
  • 1/2 лажичка цимет за вкус и декорација
  • 300 мл млеко

Подготовка: Ставете две големи лажици млеко во мал сад и додадете ги сувите намирници. Мешајте да се соединат.

Во длабок сад – лонче, ставете 300 мл млеко на средна температура. Додадете ја претходно добиената смеса и гответе околу 5 минути со постојано мешање, на јака температура веднаш загорува. Салепот е готов кога пената ќе почне да се крева. Наросете цимет и послужете.

Наздравје!

 

 

Next Article:

0 %