Десерт што го буди сетилото за нежен баланс меѓу свежина и сладост. Морковот, со својата суптилна сладост и топлина од зачини, создава меко, еластично тесто. Во внатрешноста се крие воздушест, слатко -солен ванилин крем, а сето тоа се положува врз „земја“ од ореви што додава неодолива крцкавост.
Состојки:
- 125 грама бело брашно
- 1 лажичка мелен цимет
- 1/4 лажичка морско оревче
- 1/4 лажичка ѓумбир
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 1/2 лажичка прашок за пециво
- 1/4 лажичка сол
- 2 големи јајца
- 100 грама бел шеќер
- 50 грама кафеав шеќер
- 100 мл масло
- 100 грама ситно изрендани моркови
- 30 грама ситно сечкани ореви
За мусот од крем сирење:
- 225 грама крем сирење (омекнато)
- 1 чаша ладна слатка павлака
- 1/3 чаша шеќер во прав
- 1 лажичка ванила
За основата:
- 1/2 чаша ситно мелени ореви
- 2 лажици стопен путер
- 1 лажица кафеав шеќер
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 175°C. Обложете рамeн плех со хартија за печење. Во една чинија измешајте ги брашното, циметот, морското оревче, ѓумбирот, содата бикарбона, прашокот за пециво и солта. Во друга чинија изматете ги јајцата, постепено додавајте го белиот и кафеавиот шеќер, па додадете го маслото. Измешајте ги изренданите моркови и оревите. Потоа додавајте ги сувите состојки во влажната смеса и мешајте нежно, само колку да се поврзат. Распределете ја смесата во тенок слој на плехот и печете 10–12 минути, додека не се стегне. Оставете целосно да се олади, па исечете на долги тенки ленти погодни за виткање.
Изматете го крем сирењето додека не стане мазно. Одвоено изматете ја слатката павлака со шеќер во прав и ванила до меки врвови, па внимателно соединете ја со крем сирењето.
На секоја лента од морковиот колач нанесете тенок слој мус и завиткајте во мал цилиндричен ролат, измачкајте ги однадвор со тенок слој. Оставете ги во фрижидер најмалку 1 час за да се стегнат.
Измешајте ги мелените ореви со стопениот путер и кафеавиот шеќер. Распоредете ја оваа ароматична смеса на чинии како основа. Поставете ги ролничките врз оревовата основа. Декорирајте по желба, со тенки ленти од морков, сечкани оревчиња, јас ставив и неколку зрна калинка за колорит.
На здравје!









