РецептиТестенини

Потпечена паста со пилешко, брокули, карфиол и моцарела

Лесно и брзо за подготовка. Потпечена горе – крцкава, а внатре мека и сочна е пастата со пилешко, брокули, карфиол и моцарела.

Потребни состојки:

  • 250 грама паста (по ваш избор) јас ставив вртени макарони
  • 400 грама пилешки стек ( исечкан на коцки)
  • 300 грама брокула
  • 300 грама карфиол
  • 300 грама моцарела рендана
  • 200 мл неутрална павлака
  • лажица путер
  • сол, зачинал, бибер, лук во прав, чили и масло за готвење

Подготовка:

Во тенџере со зовриена вода и лажичка сол се става пастата да се свари. Ги ставам во големо тенџере, откако 7 минути се вари пастата, во истото тенџере ги додавам  гранчињата брокула и карфиол. Ги оставам уште 7-8 минути да  поварат сите заедно, потоа ги турам во цедалка да се исцедат.

Во тава на оган ставам на масло за готвење ги пржам коцките пилешки стек, зачинети претходно со зачинал. Испржени ги тргам на страна.

Во тавата ставам путер и кога ќе се стопи ја турам неутралната павлака, додавам сол, лук во прав, чили по желба и варам 5 минути малку да згусне сосот. Потоа во сосот додека е на оган ги додавам пилешкото, пастата сварена, брокулата и карфиолот. Се заедно се меша да се спои, па додавам бибер. Кога се заедно споено го тргам од оган. Во смесата ја додавам моцарелата рендана, се заедно мешам и целата смеса ја турам во намастена тава. Се пече во загреана рерна, 15 минути на 250 степени, да зарумени горниот дел.

Наздравје!

Next Article:

0 %