Корка крцкава, тенко тесто, додека се пече на опоен мирис на пица🍕мириса целиот дом.
Состојки за тестото:
- 800 гр. брашно,
- 300 мл. вода,
- 10 гр. свеж квасец,
- мала лажичка сол,
- лажица шеќер
- лажица маслиново масло.
Состојки за филот:
- изблендирани 250 гр. долгнавести домати (пелати),
- 250 гр. моцарела
- листови босилок.
Подготовка:
Тестото се замесува на меко. Се покриваа со крпа и се оставаат да стасаат, најмалку 30 минути. Потоа тестото се дели на пет дела. Се формираат топчиња, се редат на набрашнета површина, се покриваат и се оставаат да стасаат 1 час. Или ако се прават подоцна се намастуваат и се ставаат во фрижидер покриени со стреч фолија. Од секое топче се формира круг од 24 цм, кога се зема топчето тесто не се премесува, бидејќи тестото ќе стане тегаво и нема да може да се развлече, туку на набрашнета површина со прстите се притиска во средина на топчето, за од страна да остане витка и се формира круг, се филува и се реди на намастена тава или на хартија за печење.
Се печат во загреана рерна на 250Ц, 10 минути, додека се прошири најубавиот мирис во вашиот дом.
Наздравје!/Б.Б.
🎥 На следното видео може да го погледнете начинот на подготовка: