ДесертиКолачи

Падобранци

Пробајте ги овие воздушести убавини. Секогаш ги правам овие колачиња и сите во домот многу ги сакаат, филот го менувам да не им се здосадат.

Овој пат ги подготвив со 300 грама Маскарпоне, 50 грама путер и 150 грама шеќер во прав се заедно сматено. Со филот правев по еден прстен фил, а во средината ставив по една лажица џем од јагоди…..


Потребни состојки:

  •  250 гр. мелени ореви,
  • 500 гр. кафен шеќер,
  • седум белки,
  • лажица брашно.

Фил:

  • 150 гр. чоколадо за готвење,
  • седум жолчки,
  • 150 гр. путер,
  • 50 гр. шеќер во прав.

Подготовка:

Мелените ореви и шеќерот треба убаво да се измешаат пред постапно да им се додадат шест белки. Се пржат на оган додека не добијат боја на мед. Се оставаат да се изладат, па им се додава последната белка и лажица брашно. Се мешаат додека не станат хомогена смеса од која потоа се става една кафена лажичка во плех на хартија за печење. Во плехот се редат најмногу 20 парчиња, бидејќи многу нараснуваат. Во загреана рерна на 220 степени се печат 15 минути.

Фил: Во чоколадото за готвење истопено на пареа му се додаваат седум жолчки и се мешаат се додека смесата не стане густа, се оставаат да се изладат. Во посебен сад се матат путерот со шеќерот во прав, па се додаваат на оладениот крем.

Оладените испечени парчиња се филуваат и се лепат меѓусебе. Наздравје!

Начинот на подготовка може да го видите на следново видео:

Next Article:

0 %